Фустан украсен со светкави графити? ПОСТОИ! Џулија Робертс во непогрешливо црно издание го привлече целото внимание

popara10 септември, 20221min00
345055_dzulijarobertsprofimedia0720749391-1_ff

Џулија Робертс се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „A Ticket to Heaven“, во кој глуми со колегата Џорџ Клуни.

Џулија Робертс сè уште ни е позната најмногу по нејзината улога во „Убава жена“ кога ги освои срцата на публиката ширум светот. Оваа харизматична актерка плени со години наназад, а нејзината насмевка и шарм се безвременски.

Холивудската дива се појави на премиерата на својата нова романтична комедија во која ја игра главната улога заедно со Џорџ Клуни, пријател и колега со кој ова и е четврти заеднички филм.

Интересно е тоа што оваа двојка и покрај големата воиграност и професионалност, сцената со бакнеж за време на снимањето ја повториле дури 80 пати за да излезе како што треба.

На Џулија Робертс не и треба многу за да блесне, а овој пат ни покажа како можете да изгледате зачудувачки, класично и модерно во едноставен макси фустан.

Црниот вечерен фустан е секогаш непогрешлив избор, а Џулија се одлучи за креација со потпис на брендот „Alexander McQueen“. Нејзиниот фустан беше специфичен не поради должината, туку поради необичниот принт на графити во светкава боја. Имено, целиот фустан изгледаше како да е испишан со графити во согласност со темата на филмот, а актерката го искомбинира со пократка јакна со три-четврт ракави.

За се останато се погрижи насмевката на актерката, која е нејзин заштитен знак откако се појави на малите екрани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma