Хроничното држење на главата напред е една од последиците на модерниот, седентарен начин на живот. Таквата положба на главата создава огромен притисок врз мускулите на вратот и негативно влијае на целокупното држење на телото.
Поради неприродната напредна положба на главата, предните мускули на вратот се слаби, а задните мускули се скратени и стегнати. Почитуваниот хиропрактик д-р Алан Мандел од Флорида дизајнираше серија едноставни вежби со кои можеме да си помогнеме, да ја ублажиме болката, вкочанетоста и да го подобриме квалитетот на животот.
Хроничното држење на главата напред влијае на бројни мускули на вратот и предизвикува грчеви, слабеење и иритација. Оваа техника е дизајнирана да ги ослободи оние длабоко згрчени мускули и дава итно олеснување, објасни д-р Мандел во описот на техниката во три чекори која трае вкупно 30 секунди.
Техника во три чекори за ублажување на напнатоста во вратот:
Ставете ја десната рака на левата страна на клучната коска и истегнете ја левата страна на вратот пет секунди, навалувајќи го вратот на десната страна. Опуштете се. Потоа ставете ја левата рака на десната страна на клучната коска и истегнете ја десната страна на вратот пет секунди, навалувајќи го вратот на левата страна. Опуштете се.
Испреплете ги прстите на задниот дел од вратот и турнете ја главата наназад десет секунди, држејќи ја исправена, односно без да ја кревате или спуштате брадата. Додека го правите ова, ќе почувствувате чувство на влечење во основата на черепот, како и мускулите во предниот дел на вратот како се стегаат. Опуштете се.
Ставете ги рацете на вратот, веднаш под черепот и подигнете го черепот со рацете и турнете ја главата назад со благо крената брадата. Држете ја оваа позиција десет секунди. Опуштете се.
Како што вели д-р Мандел, по првото изведување на оваа вежба ќе почувствувате значително подобрување, вратот ќе ви биде поподвижен, а мускулите поопуштени и послободни.
Оваа вежба можете да ја изведувате секогаш кога ќе почувствувате потреба, но за 30 секунди треба да ги почувствувате резултатите, вели хиропрактикот.