Замислете да се разбудите среде ноќ и да сфатите дека вашиот партнер стенка во сон, или уште полошо, се обидува да биде интимен со вас.
Редовното спиење од седум до девет часа е основната работа која придонесува за нормално функционирање на организмот. Во текот на ноќта запаѓаме во РЕМ фазата во која сонуваме.
Обично се верува дека соништата се состојат од секојдневни мисли и желби, но има и такви кои можат да не загрижат.
Се работи за сексуални фантазии! Сексомнијата е нарушување за кое ретко се зборува.
Експертите велат дека одредени луѓе кои страдаат од секссомнија обично мастурбираат, милуваат интимни делови или воздивнуваат за време на спиењето.
Поединци може несвесно да се обидат да имаат интимна врска со партнер или некој со кој случајно се во кревет. Сексомнијата може да влијае на секого, но е многу почеста кај мажите отколку кај жените.
Знаци кои укажуваат на ова нарушување:
– проблеми со спиењето како одење или зборување во сон
– галење и допирање на друг во сон
– спонтана кулминација
– тешко дишење
– забрзано чукање на срцето
– нема сеќавање на што се случило
– сперма на постелнината или на вас
Исто така, експертите посочија дека постојат одредени фактори кои дополнително го поттикнуваат овој вид на нарушување, а тоа се: стрес, замор, анксиозност, прекумерно консумирање алкохол, одредени лекови и нарушен сон.
Причината за нарушувањето може да биде и од психолошка природа, поточно исполнување на желби кои не можат да се исполнат во реалниот живот. Некои луѓе кои страдаат од секосмнија можат да бидат насилни додека спијат, а може да ги повредат своите партнери или дури и да се обидат да ги силуваат.
Употребата на апчиња за спиење често може да предизвика чудно однесување во текот на ноќта, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на секссомнија, месечарење и зборување.
Ако забележите некои од овие симптоми, време е да посетите лекар или да разговарате со професионалци кои се справуваат со овие проблеми.