Можеби затоа бргу ви се масти: Зошто е подобро да користите ДРВЕНА четка за коса наместо пластична?

popara10 септември, 20221min00
cetka

Иако денес постојат различни видови четки за коса, експертите посочуваат дека најдобро е да се вратиме на оние кои порано се користеле, односно четките направени од дрво.

Пластичните четки денес најчесто се користат, но сепак не се толку здрави за косата.

Имено, експертите објаснуваат дека дрвената четка го намалува првутот и косата помалку опаѓа при чешлањето, што ја разликува од пластичната четка која е многу „погруба“ и ја кине косата.

Пластичната четка исто така создава струја во косата, што не е случај со дрвената. Ако вашата коса е сè уште сува и безживотна, сигурно не сакате дополнителна струја од која ќе ви лета косата. Пластиката и металот не се најдобриот избор за коса бидејќи се груби на темето, додека дрвото е многу понежно. Дополнително, ви помага рамномерно да ги распределите маслата од вашата коса и на тој начин косата на скалпот побавно ќе стане мрсна.

Пластичните четки се поевтини, но при масовното производство често се случуваат многу грешки и влакната имаат повеќе нерамнини отколку што е случајот со дрвените четки. Овие испакнатини можат многу да влијаат на побрзото оштетување на косата.

Дрвените четки се подобар избор за оние со долга и виткана коса, додека пластичните влакна лесно може да се заплеткаат меѓу прамените. Со неа ќе формирате поприродни бранови, но и ќе го намалите оштетувањето на косата на минимум.

Чешлањето со ваква четка позитивно ќе влијае и на скалпот, поради нежното масирање на главата и поттикнување на циркулацијата. Исто така, дрвените четки имаат многу долг рок на траење доколку ги чувате правилно. Никогаш не ги мијте со вода, туку исчистете ги со памучна волна и природни масла, како јојоба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma