ЈАПОНСКИ МАНИКИР: Идеално решение за обновување на оштетените нокти дома

popara10 септември, 20221min00
bf18a0219e6adc010627811e56f55afd7ff12ff9

Доколку сакате да го вратите природниот изглед и силата на вашите нокти, пробајте го овој тип на маникир

Одморете се од класичниот маникир и испробајте техника која ги храни и зајакнува ноктите.

Гел-лаковите што се користат во салоните денес по долга употреба може да ги оштетат ноктите. Летото е вистинско време да им дадете одмор на вашите нокти од маникирот и да се запознаете со јапонскиот маникир, стара, но се уште не толку позната техника која ги хидрира и негува ноктите, обезбедувајќи природен изглед.

Јапонскиот маникир има за цел да им даде на ноктите здрав изглед, таа природна розова боја и сјај на нивната површина, за да изгледаат негувано.

Најдобар избор за слаби нокти

Јапонскиот маникир може да биде терапевтски за моменти кога ноктите се слаби или скршени по полутраен маникир. Во летните месеци, површината на ноктите се троши и слабее од надворешни фактори како што се сонцето, морската вода, хлорот во базенот, песокот кој може да создаде гребнатини. Јапонскиот маникир ги остава ноктите без боја најмалку 24 часа. Овој интервал е неопходен за површината на ноктите да мирува и маникирот да трае подолго.

Чекори на јапонскиот маникир

Јапонскиот маникир започнува со нега на кутикулите. Прво турнете ги кутикулите до работ на ноктот со пластична шпатула и измасирајте ги ноктите со хидратантно масло. Измазнете ја површината на ноктите, а потоа нанесете подлога за зајакнување. Многу е важно да ја нанесете оваа основа, инаку ноктите ќе останат слаби поради што полесно ќе се кршат. Секако, ова важи доколку се грижите за нив дома.

Јапонскиот маникир можете да го пробате во разни салони, каде што се прави со нанесување на специјална паста со витамини А, Е, пчелин восок и минерали кои ги зајакнуваат ноктите. Откако ќе ја испробате оваа техника, треба да почекате околу два дена додека не направите маникир со боја. Во секој случај, ноктите ќе изгледаат уредно и сјајно, така што нема да имате потреба да користите лак во боја.