
Направете го овој спреј и не ќе мора повеќе да се грижите
Веќе зборувавме за супер трикови од „uradi.sama.mama“ профилот на Инстаграм, а Марина – урбана мама, која се води по слоганот „направи сам“, покрај одлични рецепти споделува и супер корисни трикови за домаќинството.
Еден таков е решението против пајаци, кое ќе ви помогне на едноставен начин да се ослободите од овие инсекти.
Потребно ви е само:
– 500 мл вода
– 50 мл алкохолен оцет
– две лажички детергент за садови
Подготовка:
Истурете го сето тоа во шише со распрскувач и испрскајте ги местата каде што се собираат пајаците.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.