
Овој метод за покривање мозолчиња на „TikTok“ собра 3 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
И покрај тоа што Инстаграм се обидува да не убеди во спротивното, не постои такво нешто како совршена кожа. Иако сите сме различни и немаме исти проблеми со кожата, сигурно барем еднаш сте посакале да ги прикриете несовршеностите на вашето лице, без разлика дали станува збор за пигментациски дамки, мозолчиња или само нерамна текстура.
На социјалните мрежи има неколку трикови за прикривање на акните, а еден за кој можеби не сте слушнале досега е т.н. „леплив метод“ (sticky method). Иако името звучи прилично одбивно, доброто е што се потребни само три производи, а според професионалната шминкерка која го дизајнирала – ќе ги покрие сите несовршености на вашето лице.
Микајла Ногуеира на „TikTok“ покажа како целосно ги покрива акните, а за само 24 часа собра повеќе од 3 милиони прегледи.
Како функционира „лепливиот метод“?
Процесот започнува со хидратантен серум кој ќе остави леплив слој на вашата кожа. Иако самата Микајла избра да користи серум со хијалуронска киселина, таа забележува дека „секој серум што остава леплива завршница на лицето по нанесувањето ќе делува“.
Потоа преминете на следниот чекор – нанесете прајмер, односно секој производ кој е наменет за подготовка на кожата и помага шминката да се допира на лицето. Микајла користела „E.l.f. Power Grip Primer“, но нагласи дека има многу соодветни опции на пазарот.
После тоа, вашето лице ќе ви даде исклучително лепливо чувство и токму тоа сакате да го постигнете бидејќи, како што вели оваа шминкерка, вашиот мат коректор ќе се залепи за лицето како лепак. Препорачува да користите четка кога го нанесувате производот на мозолчињата.