
Астролозите велат дека луѓето родени во некои од следните хороскопски знаци не се љубоморни. Тие чекорат низ животот сосема сигурни во себе
Риби
Рибите никогаш не ги делат сите на пријатели и непријатели, туку за нив сите се како едно семејство кон кое се стремат. По природа тие се или чувствителни и љубоморни или се милосрдни и алтруисти, велат астролозите. Не се посесивни и сметаат дека нивниот партнер треба да има слобода. Нема да му „дишат во врат“ или да се намуртат ако разговара со некој или и помага на бившата партнерка. Наместо тоа, ќе се приклучат на разговорот и ќе дадат поддршка.

Лав
Лавовите можат да чувствуваат љубомора, но ќе ја контролираат. Тие се сигурни во себе и си ја знаат вредноста и не се плашат да си заминат ако другата страна игра неправедно. Флертувањето со некого може да тестира колку тие навистина се лојални, но нема да создаваат драма и само ќе си заминат. Тие се сигурни во себе и веруваат дека доколку другата страна не ги цени доволно, треба да најдат подобар партнер кој ќе ги цени нивните квалитети.
Рак
Можеби делува како премногу емотивен и знак воден од емоции, но кај нив нема љубомора. Ракот е самоуверен знак и кај него нема да видите изливи на љубомора, тој ќе се радува на успесите на своите најблиски. Нивната нежна и грижлива природа ги прави најмалку љубоморен и достасамоуверен знак. Овој знак ќе сака да ви честита за некој успех или настан, со тоа што ќе ви испрати цвеќе или подарок за свадба, унапредување на работа и слично.

Водолија
Кај Водолијата се е минливо. Без разлика дали се работи за партнери, материјални работи или успех, таа не се врзува, па не е чудно што припадниците на овој знак се најмалку љубоморни. Понекогаш негуваат отворени врски и сакаат да експериментираат, можат да имаат и љубоморни испади само што тоа нема да го покажат преку гнев. Водолиите ја ценат заедницата и со задоволство ќе се радуваат на успесите на другите. Сепак, тие се премногу зафатени со себе за да се справуваат и да се грижат за другите.