Овој СОК најретко го купуваме, а е УБИЕЦ е за ВИСОК ПРИТИСОК: Велат доволно е ЧАША на ден, пробајте уште УТРЕ

popara11 септември, 20221min00
23810_shutterstock-301747682_f

Според резултатите од истражувањата, конзумирањето една чаша несолен сок од домати може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и исто така да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, пренесува „HealthLine“.

Јапонските научници работеле на ова истражување една година и откриле дека луѓето кои консумираат чаша сок од домати еднаш дневно имаат понизок крвен притисок. Кај истата група на луѓе се стабилизирало и нивото на холестерол.

Истражување спроведено од американската организација ЦДЦ открило дека само во Америка годишно умираат 610.000 луѓе од срцеви заболувања. Секоја година околу 730.000 Американци доживуваат срцев удар, од кои 525.000 се прв срцев удар, додека 210.000 е бројот на луѓе кои по втор пат во животот доживуваат срцев удар.

Во студијата за сок од домати учествувале 481 лице, од кои 184 биле мажи, а 297 жени. Им било дозволено да пијат сок од домати колку што сакаат дневно во текот на една година и да забележат колку чаши пиеле секој ден.

Доматите имаат и други здравствени придобивки. Богати се со антиоксиданси, помагаат при кардиоваскуларни заболувања и ги подобруваат шансите за зачнување.