Чистење на белите дробови од НИКОТИН и КАТРАН: Пушачите треба да го направат овој пијалок и веднаш да почнат да го пијат

popara11 септември, 20221min00
3306_shutterstock-1864891786_f

Ако сте пушач или поранешен пушач, вашите бели дробови се полни со токсини од цигарите

За да ги исчистите белите дробови нема да ви треба магија, туку чудесен медицински напиток направен од три билки, ѓумбир, кромид и куркума.

Ѓумбир

Овој древен зачин се користел уште од античко време поради неговите лековити својства. Меѓу другото, помага да се елиминира вишокот слуз во белите дробови.

Кромид

Кромидот, како и лукот, има антиканцерогени својства и е одличен борец против бројни здравствени состојби. Тој е особено ефикасен во спречување на разни болести на респираторниот систем.

Куркума

Куркумата или индискиот шафран е преполн со витамини и минерали, а содржи и супер здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства, затоа задолжително збогатете ја вашата секојдневна исхрана со овој зачин.

За почеток додајте ја во напиток кој ги чисти белите дробови, за кој ви треба:

– 400 грама кромид

– 1 литар вода

– 400 грама шеќер (ако сакате поздрава верзија, користете мед или јаворов сируп)

– 2 лажици куркума

– корен од ѓумбир со големина на палец

Подготовка:

Во водата додадете шеќер, ставете ја на оган и оставете да зоврие.

Главиците кромид исечете ги на четвртинки, исечкајте го коренот од ѓумбир и додадете ги во шеќерната вода.

Кога смесата повторно ќе зоврие додадете ја куркумата и намалете ја топлината.

Смесата треба да се вари додека количината на вода не се намали за половина. Потоа процедете и истурете во стаклена тегла.

Кога целосно ќе се олади, ставете во фрижидер и чувајте го таму цело време.

Земајте две лажици од еликсирот наутро на празен стомак и навечер два часа по оброкот.