„Беше многу ПАРАНОИЧНО“: Српскиот актер кој играше во „Хари Потер“ откри детали од снимањето

popara11 септември, 20221min00
radni-Recovered-Recovered-Recovered-copy-7

Играше во познатото остварување

Актерот Предраг Бјелац се потсети на својата улога во мегапопуларната продукција „Хари Потер и огнениот пехар“.

– Никогаш во животот не сум бил во Холивуд. Холивуд се пресели во Англија и снимавме таму во студио над Лондон пред 18 години. Снимав шест месеци и поминав повеќе од една година на тој проект. Имаше и некои неверојатни работи како сајбер скенирање. За тоа дојдоа експерти од Америка. Ме ставија на некаков подвижен подиум и ме сликаа со ласери и ме вчитаа во компјутер. Веројатно во случај да се случи нешто за време на снимањето или за некое доснимување“, изјави актерот.

Потоа додаде дека му направиле и калап од гипс од главата, што за него било многу параноично.

– Ми направија калап од гипс од главата. Беше многу параноично бидејќи сите се појавија во одела и со маски на лицата. Ти чепкаат нешто на лицето, а ти даваат само сламка за да дишеш – вели актерот.

Имено, Предраг стекна светска слава во „Хари Потер“, иако после тоа играше во познати српски серии како што се „Убијците на татко ми“ и „Тајкун“ каде ја воодушеви балканската публика.