Дали и вам ви влеваат СТРАВ ВО КОСКИТЕ? Зошто дури и возрасните луѓе се плашат од КЛОВНОВИ

popara11 септември, 20221min00
Penivajs

Филмовите не се единствената причина

Ако го игнорираме познатиот Пенивајс од филмот „It“, кловновите се смешен и весел феномен чија првична улога е да внесат насмевка на лицата на другите.

Кловновите изгледаат смешно, носат смешна, често преголема и шарена облека, па затоа е многу чуден стравот што луѓето го чувствуваат кога ќе ги видат.

За некои, споменатиот Пенивајс можеби е доволна причина, но не можеме целосно да го обвиниме за оваа фобија. Низ историјата, кловновите ги развеселувале луѓето во циркусот, а подоцна станале честа глетка на детските родендени. Во овие прилики правеле трикови и дувале балони, а големиот црвен нос им бил главна карактеристика.

Денес, сепак, ситуацијата е нешто поинаква.

Со текот на времето, насмеаното лице на кловнот станува сè пострашно во перцепцијата и на децата и на возрасните. Нивното лице, кое истовремено е и доволно човечко и донекаде нечовечко, предизвикува морници кај луѓето и ги потсетува на сцени од хорор филмови.

Истражувањата покажаа дека децата многу лошо реагираат на ликови кои наликуваат на луѓе, но во исто време како да не се. Преголемите усни и веѓи го искривуваат лицето, така што мозокот го доживува како човечко, но малку искривено, што создава голема непријатност.

Луѓето донекаде ги плаши и неизвесноста: што точно ќе направи кловнот, односно каков трик ќе примени на нив.

Интересно е што една анкета од 2016 година покажа дека повеќе Американци се плашат од кловнови отколку од смрт или терористички напад.

Експертите генерално веруваат дека таквите ирационални стравови се јавуваат како резултат на некои немили настани, но некои сепак веруваат дека луѓето се исплашени од чувството дека кловновите кријат нешто под нивната насмеана маска.