ХОРОСКОП ЗА 12-ТИ СЕПТЕМВРИ: Девиците со потешкотии во финансиите, а Водолиите ги чекаат важни вести

popara12 септември, 20221min00
34d28aad091e6ed7707827bc3e725942cc743ce5

ОВЕН

Пред вас е лекција во која треба да ги надминете колебливоста и несигурноста. Ова се квалитети кои често ве спречуваат да поентирате, дури и кога сте сигурни дека сте во право. Верувајте во себе, нека не ви е гајле што мислат другите.

БИК

Не ве држи место, а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете се што може да чека поповолен момент.

БЛИЗНАЦИ

Денот го започнувате со добро расположение, полни со енергија. Добрите вести и поволното опкружување ве исполнуваат со оптимизам. Сепак, без разлика на доброто чувство што го имате, подгответе се за евентуалната непријатност што ве очекува навечер.

РАК

Принудени сте да чувате туѓи тајни, а тоа ви е тешко. Свесни сте дека решението за нечиј проблем е едноставно, но не сте во позиција да се мешате. Бидете трпеливи, бидејќи и да зборувате, никој не би ве сфатил сериозно.

ЛАВ

Ве вклучуваат во сите случувања околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на се е резултат на вашата претходна вклученост во туѓите проблеми. Нормално не ви пречи, но сега сте уморни. Не се лутете, размислете за вашата одговорност во сето ова.

ДЕВИЦА

Време е што повеќе да се посветите на обврските и да ги решавате една по една. Финансиската состојба значително се подобрува, па затоа е вистинско време да ги расчистите долговите и неплатените сметки пред да тргнете во шопинг.

ВАГА

Полни сте со енергија што не знаете како да ја искористите. Поради некоја причина не можете да ја користите и искористите вашата интуиција. Ќе ви биде полесно доколку вашата интимност ја доверите на вашиот најдобар пријател, тоа е личноста која најдобро ќе ве разбере денес.

ШКОРПИЈА

Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако копнеете да излезете од куќата, тоа е затоа што некој внатре во неа не ви е пријатен. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.

СТРЕЛЕЦ

Прифативте обврски кои не се во согласност со вашата природа. Утешете се во гледањето на сето тоа како привремен проект кој, кога ќе заврши, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен партнерот, внимавајте, распределбата на улогите би можела да стане навика.

ЈАРЕЦ

Наједноставните активности, кои вообичаено бараат малку труд, денес се изведуваат со голема тешкотија. Не е лошо да размислувате се да одложите за некој друг ден, бидејќи грч кој нема да успеете да го надминете ќе произведе грешки кои се неприфатливи.

ВОДОЛИЈА

Ве мачи нетрпеливоста, станувате неподносливо напнати. Ве очекуваат новости од кои зависи планот на следните активности. Не се работи само за денес, туку на некој начин, се работи за она што одредува по кој пат ќе тргнете на долг рок.

РИБА

Не правете непријатели меѓу луѓето од кои зависите. Тензијата се комплицира, влегувате во конфликти со соработниците. Вашата кариера би можела да тргне во надолна патека доколку не се потрудите и дополнително работите на смирување на тензијата што ја зафати.