ДОМАШНА САНГРИЈА со бобинки! Наздравете како што доликува!

popara12 септември, 20221min00
608974_sangria_f

Сангрија обично се прави од црвено вино, сечкано овошје, малку жесток алкохол и шеќер, а се што треба да направите е да ги поканите пријателите и да уживате!

Состојки:

три лажици шеќер

еден портокал

поголем лимон

чаша и пол бобинки

750 мл црвено вино

третина шолја ракија

чаша сок од портокал

малку кисела вода

Подготовка:

Во бокал ставете шолја овошје, додадете го исечканиот портокал и шеќер, па сè убаво изгмечете. Додадете вино, ракија и сок од портокал, па измешајте. Изладете во фрижидер, додајте го преостанатото овошје, налејте малку кисела вода, па сервирајте.

На здравје!