Ќе се изненадите колку предности има маската од ориз, но и оризовата вода за кожата на лицето
Оваа маска помага да се врати сјајот на кожата, да биде затегната и да имате сјаен тен.
Постапка:
Во блендер ставете две лажици ориз и блендирајте додека не добиете прав.
Две лажици од добиениот прав измешајте ги со една лажичка урда (може да користите грчки јогурт наместо урда) и додадете една неполна лажичка куркума.
Нанесете ја маската на лицето и измијте ја со млака вода по 20 минути.