Доколку барате брз оброк за послужување на гостите како предјадење или вечера, слоевитата салата со јајца и шунка е совршен избор за вас.
Малку ќе ве потсети на руска, но е многу подобра од неа! Ова е идеалното решение кога правите домашна забава и ви треба лесно јадење, а гостите сигурно ќе ги оставите без здив.
Состојки:
1 брокула
4 варени јајца
половина лименка пченка
250 гр шунка
200 гр сирење
4 лажици обичен јогурт
2 лажици мајонез
2 чешниња лук
сол, бибер, прстофат шеќер
1 лажица сок од лимон
Подготовка:
Измиените брокули најпрво поделете ги на цветчиња и зовријте вода во тенџере во кое ќе додадете сол, шеќер и малку сок од лимон, а потоа варете ја брокулата пет минути. Додека брокулата се лади, шунката, сирењето и јајцата исечкајте ги на ситни коцки. Измешајте јогурт и мајонез, па во смесата додадете сол, бибер и издробен лук, ова е смесата за сосот.
Подгответе сад за салата и во него наредете ги сите состојки во слоеви: шунка, пченка, брокула, варени јајца, сос, сирење, неколку мали цветчиња брокула за декорација.
Пријатно!