Заминувањето на најдолговечниот монарх се уште е една од водечките теми во светот, кралицата Елизабета Втора ќе остане запаметена по бројните специфики и одличната смисла за хумор.
Последното нешто што кралицата го направи е да ја прими новата премиерка Лиз Трус, која е 15-та по ред за време на владеењето на Елизабета Втора. За снимањето на целиот настан била задолжена фотографката Џејн Барлоу, не знаејќи дека ќе ги направи последните фотографии на кралицата.
– Кога влегов во собата со прес-секретарот на кралицата, таа беше многу насмеана, а потоа ја премина просторијата во позиција за слика и имаше малку време. Непосредно пред новата премиерка да влезе во собата, имав неколку моменти со нејзиното височество и тогаш ја направив таа фотографија“, рекла Џејн.
What the photographer who took the Queen's last picture says about the 'unposed' moment
FULL STORY: https://t.co/lfUyXomtfr pic.twitter.com/M6eBJMGhdm
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 9, 2022
На фотографијата кралицата стои пред каминот во тартан здолниште, џемпер и со својата чанта која со децении е заштитен знак. Елизабет тогаш имаше некои модринки на рацете, но нејзината насмевка го засени сето тоа.
Модринките на рацете, особено на нејзината возраст, едноставно можат да бидат дел од стареењето, а може да укажуваат и на некои болести, на пример леукемија.
La última foto de la reina Isabel II, 6 de septiembre de 2022, 📷 Jane Barlow pic.twitter.com/1FwOz6kjXH
— Martha Laura Covián (@MCOVIAN) September 10, 2022
– Фотографијата воопшто не беше исценирана, тоа беше само убав природен момент кога таа го крена погледот и се насмевна – изјави Барлоу.
Кралицата прокоментирала тој ден дека времето е мрачно и облачно, а според Барлоу изгледала многу добро расположена.
Тоа беше и нејзиниот последен ден на должност во нејзиниот омилен замок Балморал.