Ѕвездата на „Игра на тронови“, Кит Харингтон ги сподели своите размислувања за серијата „Куќата на змејот“, велејќи дека тимот што работи на проектот завршил „фантастична“ работа.
Како што е познато, „Куќата на змејот“ ја следи династијата Таргариен 200 години пред настаните на „Игра на тронови“ и доби позитивни критики.
Говорејќи на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто (TIFF) овој викенд, Кит Харингтон, кој го играше Џон Сноу на Game of Thrones, беше прашан од Entertainment Tonight Canada за неговите размислувања за House of Dragons.
– Навистина уживам во неа. Мојот пријател Мигел (Сапочник) ја водеше емисијата, па навистина уживам – рече Харингтон и додаде:
– Мислам дека завршија фантастична работа. Чудно е да започнете сосема нова серија во истото царство и да ја направите ваша работа. Мислам дека навистина го направија тоа – изјави Харингтон.
Адаптирано од романот „Оган и крв“ на Џорџ Р.Р. Мартин, „Куќата на змејот“ е сместена 200 години пред настаните од „Игра на тронови“. Главните улоги во серијата ги толкуваат Педи Консидин, Мет Смит, Ема Д’Арси, Оливија Кук и Рис Ајфанс.
Набргу откако првата епизода дебитираше минатиот месец, HBO ја обнови „House of Thrones“ за втора сезона, пишува NME.