Иако ќе ви требаат повеќе состојки за ова јадење, како говедско месо, кикирики, брокула, па дури и коњак, нема сомнеж дека секој ќе сака барем уште една чинија.
Многумина се водат од фактот дека неделата е ден за повеќе „формални“ ручеци или дружења, но зошто да не и овој вторник.
Направете го ова вкусно јадење со говедско месо, брокула и кикирики, поканете ги вашите најблиски и уживајте во прекрасниот вкус:
Состојки:
450 гр говедски рамстек
лажица пченкарно брашно
пет лажици соја сос
две лажици балсамико оцет
две лажици кафеав шеќер
лажица коњак
три лажици сечкани кикирики
сончогледово масло
четири лажици кикирики
400 гр брокула
парче ѓумбир
три чешниња лук
сол, бибер, сусам
Подготовка:
Измешајте го пченкарното брашно со две лажици соја сос, а потоа во добиената смеса извалкајте го говедското месо исечено на ленти. Оставете да отстои пет минути. Во меѓувреме измешајте го преостанатиот соја сос, балсамико оцетот, шеќерот, коњакот и двете лажици вода.
Во голема тава загрејте една лажица масло, а потоа пржете ги кикириките минута или две со постојано мешање. Извадете ги кикириките и оставете ги на страна, а во истата тава со уште малку масло пропржете го говедското месо. Извадете го месото и оставете го топло, а во тавата додајте ја исчистената брокула, сечканиот лук и ренданиот ѓумбир. Мешајте на силен оган десет минути. Вратеет ги месото и кикириките, прелијте ги со подготвениот сос, па динстајте уште пет минути.