За него велат дека е еден од најатрактивните мажи во светот
Изминатиов месец латино дивата Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек ги наполнија сите написи во весниците поради луксузната венчавка што ја приредија во два наврати.
Џеј Ло по свадбените веселби им се врати на деловните обврски и се појави во најновата кампања на очила за сонце за модниот бренд „Долче и Габана“ заедно со најбараниот машки модел на денешницата Дејвид Ганди, пренесува „Дејли мејл“.
Пејачката откри дека во 2014 година Ганди бил нејзината „славна симпатија“.
Таа година, Џеј Ло го избра Ганди да го глуми нејзиното момче во спотот „First Love“.
– Кога би имала симпатија меѓу славните, тоа дефинитивно би бил тој – изјави Џеј Ло во 2014 година и додаде дека е речиси совршен маж.
Британецот Дејвид Ганди ја започна соработката со модниот бренд „Долче и Габана“ уште во 2006 година. Сите го запаметија од рекламата за безвременскиот парфем „light blue“.
Ганди безброј пати бил дел од листата на најсекси мажи во светот, а поради впечатливиот изглед и мускулесто тело е миленик на жените.