Од 9 септември до 2 октомври нè очекува ретрограден Меркур. Се создава илузија дека планетата се движи наназад, а астролозите истакнуваат дека тоа може негативно да влијае на нашата енергија, расположение и планови.
Меркур е поврзан со сите работи поврзани со документи, продажба, деловни активности, учење, патување. Во овој период можно е да имате проблеми со комуникацијата и концентрацијата, многу технички процеси се забавуваат, уредите се расипуваат, информациите се пренесуваат неправилно. Исто така, во односите со партнерот, семејството, пријателите и колегите може да се појават конфликти, расправии, недоразбирања, па дури и манипулации.
Во периодот на ретрограден Меркур потребно е се да планираме особено внимателно, но и да внимаваме што и како одлучуваме. Во овие денови најчесто се препорачува одложување на големи набавки, потпишување важни договори, започнување на некои нови работи, а поволно е да се заврши започнатото. На овој начин се ослободувате од старите долгови и по завршувањето на ретроградниот Меркур, односно кога планетата директно ќе премине во нова фаза од животот, ќе ја почувствувате промената.
Иако ретроградниот Меркур трае од 9 септември до 2 октомври, неговата енергија почнува полека да се чувствува од 22 август, а треба да бидете внимателни и во првите денови од октомври. Постретроградниот период трае до средината на октомври, што може да донесе и нова енергија, а вратата за нови можности ќе се отвори некаде од 16 октомври 2022 година.