Редовниот секс носи среќа, долговечност и добро здравје, па зошто да не го практикувате почесто? Еве одлични причини зошто е добро да имате секс секој ден или барем што почесто:
-Го намалува стресот – длабокото дишење за време на сексот го намалува чувството на стрес. Исто така тогаш хормоните на среќа се произведуваат повеќе што е одлично во борбата против анксиозноста и депресијата.
-Одлична вежба е – калориите се топат и мускулите се зајакнуваат. Тестостеронот произведен за време на сексот ги прави коските и мускулите посилни.
-Го намалува крвниот притисок – гушкањето и сексот се одлични за намалување на крвниот притисок затоа што смируваат.
-Го зајакнува имунитетот – Редовниот секс ги намалува шансите да добиете грип и настинка бидејќи го зајакнува имунитетот. Имено, тогаш се зголемува нивото на имуноглобулин А, антигенот одговорен за борба против болеста.-
-ридонесува за младешки изглед – сексот три пати неделно може да ве подмлади за десет години.
Ја намалува болката – Експертите велат дека сексот го намалува нивото на одредени видови на болка. На пример тие проучувале заболени од артритис и пациентите кои имале редовен секс чувствувале помалку болка.
-Ја зајакнува довербата и блискоста меѓу партнерите – сексот го зголемува нивото на окситоцин во организмот – хормон одговорен за среќа и љубов кој им помага на партнерите да се зближат.