Пејачката за малку ќе ги изгубела мимиките на лицето
Пејачката Гвен Стефани после долго време се појави во јавноста во емисијата „Late Night Show“ на Сет Мејерс.
Таа најмногу зборуваше за учеството на музичкиот натпревар „The Voice“минатата година, а покрај сѐ што кажа, најголемо внимание привлече нејзиниот изглед.
Имено, пејачката драстично се променила и евидентно е дека поправила многу работи на лицето. Покрај зголемените усни, јасно е дека ги зголемила и јагодиците, ги отстранила темните кругови, ги сменила забите, а пар третмани со ботокс не биле на одмет, па пејачката повеќе не личи на себе.
Тоа го забележале и твитерџиите кои не можат да поверуваат како денес изгледа поранешната пејачка на групата „No Doubt“.
– Дали е навистина таа?; – Буквално е непрепознатлива; – Сега изгледа сосема поинаку; – Цел живот сум нејзин обожавател и не ја препознав. Јас сум толку збунет; – Никогаш немаше да претпоставам дека ова е Гвен Стефани, да не напишеа – гласат коментарите.