Принцот Вилијам пред Кејт Мидлтон се допишувал со светска ѕвезда, а потоа не се појавил на договорениот состанок

popara14 септември, 20221min00
tan2021-4-28235399490-830x0

Принцот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон, а она што малкумина го знаат е дека нејзиното место за малку ќе го заземеше поп-ѕвездата Бритни Спирс.

Имено, во времето на нејзината најголема слава, Бритни имаше онлајн романса со идниот наследник на британскиот трон, принцот Вилијам.

Спирс откри дека разменила мејлови со принцот, го барала на состанок додека била на турнеја во Велика Британија, но на крајот немало романтична средба.

– Извесно се допишувавме по електронска пошта и требаше да се сретнеме лично, но тоа не се случи – изјави Бритни во шоуто на Френк Скинер во 2002 година, велејќи дека Вилијам не се појавил на договорениот датум.

Бритни откри дека никогаш не ја дознала причината зошто принцот се предомислил, а потоа британските таблоиди напишале дека тој наместо да се сретне отишол на лов на лисици.

Гласините за нивната онлајн романса ги исполнуваа насловите со месеци пред нејзиното интервју, но беа цврсто демантирани од Бакингемската палата, но минатиот септември, кралскиот биограф Кристофер Андерсен откри уште повеќе детали за нивната романса.

– Вилијам и Бритни се обидоа да се сретнат кога беа млади. Многу пати разговарале по телефон, но не се сеќавам дека во тој период се виделе лично – напишал Андерсен во својата книга „Браќа и сопруги: Приватните животи на Вилијам, Кејт, Хари и Меган“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma