НАЈПРЕПОЗНАТЛИВИТЕ ЧИЗМИ СЕ ВО ТРЕНД И ОВАА ЕСЕН: Неуништливи се, одат со се, а ги обожаваат и омилените трендсетерки

popara14 септември, 20221min00
Dr.-Martens

Честопати ни е доста тешко да избереме во што да инвестираме за време на сезонските попусти бидејќи изборот е огромен, парите никогаш не се доволни, а се чини дека ни треба се. Меѓутоа, доколку барате чизми кои ќе ви траат долго и нема да излезат од мода толку брзо – ви предлагаме Др. Мартенс модели.

Тие беа на врвот на својата популарност во 90-тите, но и после тоа останаа неизбежен дел од есенскиот стајлинг меѓу трендсетерките.

Удобните работни чизми дизајнирани од д-р Клаус Мартенс во 1945 година станаа врвна модна класика која со децении се спротивставува на сите модни трендови. Сигурно и во најлудите соништа не можел да замисли дека неговиот модел на чевли ќе се носи со лесни летни фустани, шорцеви, плисирани и миди здолништа, комбинезони и фармерки.

Chunky чизмите владеат по градските улици веќе некое време, а модните експерти ги посочуваат како задолжителни и оваа сезона. Секако, high street брендовите, како и познатите модни куќи, во своите колекции вклучија модели со сличен дизајн.

Кул мартинките ги сакаат и познатите девојки како сестрите Хадид, Хејли Бибер, Кендал Џенер, Ирина Шајк, Адисон Реј, Камил Мороне и Оливија Родриго.

Овие чизми со препознатливи жолти шевови се фантастичен додаток за преодниот рок и првите есенски денови. На секој аутфит му даваат добредојдена доза на свежина и ноншалантност, па одлично ќе се вклопат во преодните комбинации кои вклучуваат летни парчиња како фустани или здолништа.

Затоа, немојте веднаш да ги ставате вашите омилени летни парчиња на дното на гардеробата, бидејќи можете брилијантно да ги комбинирате со неуништливи мартинки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma