Со толку многу секојдневни обврски околу работата и домот, сигурно перењето е последната работа што сакате да ја правите, а едноставно е неизбежна. Покрај тоа што ви одзема време и енергија, таа одзема и многу пари.
За да го направите полесно и поевтино перењето, ќе ви понудиме неколку едноставни и штедливи трика со кои ќе се збогувате со масните дамки, пожолтената бела облека и избледената црна облека.
Направете сами отстранувач на дамки
На училиште, работа или дома дамките од мастило се секојдневие. За да ги отстраните од облеката, нанесете алкохол со помош на памукче на дамката и нежно тријте додека не ја отстраните. За овој вид дамки можете да користите и лак за коса.
Збогум на потемнетата бела облека
Наместо средства со токсични материи, сами направете природно белило за облеката со само две состојки: две лажички лимонов сок и половина чаша хидроген пероксид. Измешајте ги добро и истурете ги во машината за алишта. Вашите алишта ќе бидат блескаво бели.
Збогум на непријатниот мирис на облеката
Телесната пот и нечистотиите може да се наталожат во вашите алишта и да им дадат непријатен мирис. Најдобар начин за да се ослободите од него е да ги испрскате со смеса од половина шише оцет и половина вода. Испрскајте ги од двете страни и закачете ги надвор. Не грижете се за мирисот на оцет, ќе исчезне штом се исушат алиштата, а исто така и непријатниот мирис ќе исчезне.
Домашен омекнувач за алишта
Земете една тегла и измешајте шампон и оцет. Откако добро ќе ги измешате состојките складирајте ја некаде и турајте по малку при перењето на алиштата.
Тие ќе бидат меки и ќе мирисаат свежо.
Задржете ја бојата на алиштата со сол
Фрустрирачки е да гледате како ви бледнее омилената маичка со текот на постојаните перења. За да го продолжите нејзиниот век и да ја зачувате свежината на бојата, ставете ја во леген со вода во која има една кафена лажичка сол. Нека отстои половина час, па ставете ја во машината за перење.
Спас од масните дамки
Една бела креда ќе ве спаси од многу главоболки. Масните дамки истријте ги со кредата, правот од неа ќе ја апсорбира маснотијата и нивното отстранување со сапунот при перењето ќе го направи многу полесно. Ова дејствува на секакви од дамки од масло за јадење до кармин.
Коцки мраз наместо пегла
Ако немате време да ги испеглате панталоните, тогаш ставете ги во машината за сушење со неколку коцки мраз. Но, ставете уште неколку парчиња со нив за мразот да успее да ја направи својата „магија“.