Актерот Рајан Рејнолдс одлучил да го сними медицинскиот преглед на кој отишол – колоноскопија – за да ги разбие предрасудите за него.
Тој го направи тоа така што ги здружи силите со „Lead From Behind“ – организација за подигање на свеста за рак на дебелото црево, за да ги охрабри луѓето, особено мажите, да се подложат на процедурата доколку е потребно.
Меѓутоа, на овој преглед и пред камерите на Рејнолдс му бил дијагностициран проблем, поточно „исклучително суптилен полип“, кој веднаш бил отстранет.
– Ова потенцијално ти го спаси животот, и не се шегувам, не сум премногу драматичен – му рекол докторот на актерот додека ги покажувал сликите од ткивото.
Како изгледаше сето тоа погледнете во галеријата подолу.