Познато е дека довербата е клучен дел од секоја љубовна врска. Тешко е да се изгради и толку лесно да се урне. Проверете подолу кои навики ги користат мажите за да ја уништат довербата во врските и бракот.
1. Никогаш не е подготвен на компромиси.
Невозможно е да се изгради врска, а камоли доверба, со партнер кој не ја разбира важноста на компромисот. Ова покажува дека неговите потреби се поважни од вашите. Во тој случај, не можете ни да очекувате емоционална поддршка од него кога ви е потребна, изјавила психологот Џејн Грир за РД. Во секоја успешна врска, партнерите сакаат да се прават среќни, а избегнувањето на компромиси укажува на себичност и незрелост.
2. Никогаш не е таму кога ви треба.
Откажува состаноци во последен момент и не одговара на вашите телефонски повици или пораки? Довербата не се гради со зборови, туку со дела, а основен дел од довербата е чувството дека можете да се потпрете на партнерот кога ви треба.
3. Не знае да признае дека греши или да се извини.
Ако тој е секогаш во право, тоа значи дека (според неговата логика) секогаш грешите, а тоа е невозможно. Сите грешиме, кажуваме погрешни работи, но големината на човекот се манифестира во неговата подготвеност да ги признае грешките и да се извини за нив. Доколку вашиот партнер одбие да го стори тоа, тој е човек кој едноставно не знае да преземе одговорност за своите постапки.
4. Се одалечува од вас кога треба да испрати порака или да се јави.
Криењето на таквите секојдневни работи ја тера жената да се запраша што партнерот се обидува да скрие од неа. Се разбира, не мора да биде ништо сериозно, но овие постапки предизвикуваат сомнеж и ја нарушуваат довербата.
5. Неговите приказни се полни со нелогичност.
Прво ви кажува дека викендот го поминал со другарите, а ден подоцна дека бил со сестра му. Доколку продолжат слични нелогичности, не плашете се да му поставите прашање каде навистина бил. Не се однесувајте агресивно, но доколку по разговорот не добиете објаснување за тоа што ве мачи, мора да бидете свесни дека сте со личност која не сака да биде искрена со вас.