Бред Пит, холивудскиот актер, стана и моден дизајнер, а моделите на кошули од кашмир веќе се во продажба во стоковната куќа „Селфриџис“ во Лондон! Како што пишува „Вог“, тој заедно со неговата пријателка, дизајнерката Сат Хари, повторно го покренаа брендот „God’s True Cashmere“, кој се појави пред две години, но не се разви поради пандемијата.
И покрај работата на промовирање на новиот филм што го имаше летото, Бред успеа да стави свој печат и на модна линија, а неговата деловна партнерка за „Vogue“ откри како решиле повторно да го започнат бизнисот.
– Еден вторник сонував дека Бред стои пред мене додека стилистот го облекува. Носеше зелен кашмир и ми рече:
„Ми треба повеќе зелено и мекост во животот“
Му го кажав тоа неколку дена подоцна, а тој рече:
„Чудно е, бидејќи тој ден му кажав на мојот стилист дека сакам повеќе зелен кашмир и мекост во мојот живот“. И двајцата го сфативме тоа како добар знак – вели таа.
Моделите на нивната модна линија се направени од 100 отсто органски кашмир со предиво што доаѓа од различни фарми за кози. Има карирани тренерки и кошули во разни бои и други разновидни дезени, кои актерот многу сака да ги носи.
– Може да биде одличен избор на облека за патување или ако сакате да облечете нешто убаво и исклучително удобно, а ви е ладно. Треба да го носите она во што се чувствувате добро, а кашмирот има елеганција и квалитет и се чувствува добро на кожата – предложи Пит.