На мрежите многумина коментираат дека актерката потсетува на Ејми Вајнхаус кога беше во најлошите изданија…
Омилената манекенка и актерка на многумина, Кара Делевињ, скоро беше фатена во непрепознатлива состојба. Имено, таа се однесувала многу чудно на аеродромот во Калифорнија. Неартикулираното однесување, разбушавената коса и тоа што немала чевли влева загриженост и страв кај сите.
Пред неколку недели, таа беше фатена на возачкото седиште во нејзиниот автомобил како пуши, а потоа вдишува нешто од широка цевка, слично на луле, и на крајот пие нешто како капки од трето шише.
Судејќи по изгледот на Кара, тоа би можеле да бидат опијати. На тоа треба да се додаде и фактот дека американската јавност веќе некое време полемизира дека таа има сериозни проблеми со зависноста.
Маргот Роби беше снимена уништена и во солзи неколку часа откако ја напушти куќата на нејзината блиска пријателка, Кара. Како што пренесуваат странските медиуми, таа останала во куќата повеќе од два часа и видно вознемирена ја напуштила вилата. Нејзините очи биле полни со солзи и било јасно дека се воздржува да не заплаче.
Британската манекенка и актерка во понеделник требаше да се појави во Њујорк на презентацијата на нејзината модна колекција во чест на починатиот дизајнер Карл Лагерфелд, која се одржа во елегантниот ресторан „Сага“, но таа не пристигна. Не беше присутна ниту на доделувањето на Еми наградите.