Трик злато вреден: Направете специјален спреј и повеќе нема да мора постојано да ја бришете ПРАШИНАТА

popara16 септември, 20221min00
Ciscenje-prasine-2048x1367

Се што ви треба за подготовка веќе имате дома

Штотуку ја избришавте прашината и таа веќе повторно се собрала?

Ако ви здодеа постојано да ја чистите прашината, имаме решение за вас.

Ова е едноставен трик кој вклучува правење специјален спреј кој може да се користи дома, а за да го направите потребни ви се работи кои веројатно веќе ги имате – масло, детергент за садови, оцет, вода и есенцијално масло од лимон.

Започнете со истурање на половина лажица маслиново масло во сад или бокал – тоа ќе спречи собирање прашина на површините. Потоа додадете една лажица оцет и половина чаша вода – оцетот ќе помогне да се убијат грините.

Потоа додадете неколку капки детергент за миење садови и десет капки есенцијално масло од лимон.

Сепак, бидете внимателни со етеричното масло бидејќи премногу може да биде штетно за домашните миленици.

Откако ќе ја направите смесата, истурете ја во шише со распрскувач и протресете.

Користете еднаш неделно и користете крпи од микрофибер за да ги избришете правливите површини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma