Направете СПРЕЈ ЗА КОСА ОД ПОРТОКАЛ И ЛИМОН: Ја храни, зајакнува и ѝ обезбедува долготраен мирис

popara16 септември, 20221min00
Screenshot_1

Нахранете ја со потребните состојки

 

 

 

Спрејовите за зацврстување на косата се одлични кога сакате фризурата да ви биде на место цел ден.

 

Добри се и кога времето е влажно бидејќи спречуваат косата да се наелектризира и да собира влага.

 

Комерцијалните спрејови за коса, сепак, содржат и штетни состојки, па затоа е секогаш подобро да пробате алтернативни методи.

 

Обидете се да направите свој целосно природен спреј за коса кој ќе ве воодушеви.

 

Потребни состојки:

 

За темна коса – еден портокал; за светла коса – еден лимон

 

2 чаши дестилирана вода

 

2-3 лажици вотка или некој друг безбоен алкохол

 

6-8 капки есенцијално масло од лаванда

 

Целиот портокал или лимон исечете го на парчиња, измешајте го со водата и ставете го на шпорет да се вари додека течноста не се намали на половина. Течноста исцедете ја низ густа ткаенина. Ако немате полна чаша течност, додадете уште малку дестилирана вода. Оставете ја течноста да се излади.

 

Измешајте алкохол и есенцијално масло во помал сад, а потоа измешајте сè со овошниот сок. Истурете го спрејот за коса во пластично шише со распрснувач и добро промешајте пред секоја употреба.

 

Имајте на ум дека овој спреј нема да ја фиксира вашата коса за да биде неприродна и неподвижна, но бидете сигурни дека по неколку употреби ќе ги видите сите придобивки од овој природен препарат.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma