Ако одите на прв состанок со новото момче, не треба да се грижите за сите детали. Момците се познати по тоа дека се површни и дека не забележуваат толку детали. Но, на првиот состанок дефинитивно и тие ве анализираат малку повеќе.
Обрнете внимание на 5 клучни работи кои тие ги забележуваат и што им значат.
- Дали сте стигнале на време
Тие го ценат туѓото време, па очекуваат и вие да го почитувате нивното. Мразат да ги чекаат вашите „5 минути за да се облечете“, кои се претвораат во половина час чекање во автомобилот. Бидете точни, доколку сакате да му се допаднете.
- Што се случува за време на паузите во разговорот
Тој внимава каде ви оди погледот кога не разговарате за нешто важно. Понекогаш првите состаноци можат да бидат непријатни, со многу паузи во разговорот. Затоа, ако ви се допаѓа некое момче, смислете теми за разговор претходно.
- Дали ќе се „фатите за паричникот“
Тие сакаат да бидат кавалери и да ја платат сметката, но им значи дали вие воопшто ќе се понудите или чекате на нив.
- Дали сте љубезни кон келнерите
Ако сте во ресторан или кафуле, вашето однесување кон персоналот може многу да каже за вас. Тие сакаат девојките да бидат љубезни и пријатни, а ако има некој проблем, оставете го тој да реагира.
- Колку зборувате за себе
Тие сакаат да слушнат што сакате или не сакате, но приказната за некоја поранешна другарка со која сте одамна скарани заради друго момче, навистина не ги интересира.