Трикови на искусните домаќинки: Четири начини да проверите дали ЈАЈЦАТА СЕ РАСИПАНИ

popara17 септември, 20221min00
676

Јајцата се една од најчестите намирници, а повеќето луѓе секогаш имаат барем неколку во фрижидер.

Но, и јајцата имаат рок на траење и по секоја цена сакате да ги избегнете стомачните болки и мачнините кои може да ги предизвика расипано јајце.

Искусните домаќинки имаат неколку докажани начини за проверка на квалитетот на јајцата.

Пловење

Доколку не сте сигурни дали јајцата што сте ги купиле се свежи, ставете ги во чаша полна со ладна вода. Ако паднат на дното, свежи се, а ако лебдат, тоа е знак дека треба да ги фрлите.

Лизгање

Постои уште еден начин за проверка, а тоа е да земете плитка чинија и да скршите свежо јајце. Ако видите дека белката се лизга на неа, а жолчката не е компактна, не го употребувајте.

Избегнувајте испукани јајца

Никогаш не треба да се користат испукани јајца. Доколку забележите дека на лушпата има прашкаста или лигава материја, можно е таа да се расипала. Кога ќе го пукнете јајцето, побарајте знаци на распаѓање и траги од зелена или розова боја.

Миризба

Пред да го користите јајцето, скршете го во сад и помирисајте го. Расипани јајца обично имаат мирис на сулфур. Освен тоа, расипаните јајца имаат бледа жолчка, додека здравите имаат изразена боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma