ВКУСНИ И МЕКИ, СЕ ТОПАТ ВО УСТА Вакви кифлички никогаш не сте пробале (РЕЦЕПТ)

popara17 септември, 20221min00
Screenshot_2

Кифличките се пециво кое можете да го послужите во секоја прилика, а секогаш ќе ви биде побарано парче повеќе.

 

 

Ќе ви се допаднат овие кифлички!

 

 

Состојки:

 

  • 1,1 кг брашно
  • 500 мл млеко
  • 300 мл масло
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 50 гр свеж квасец

И уште ви треба:

  • 1 јајце (за премачкување)
  • сусам за посипување
  • 1 маргарин

 

Подготовка:

 

Во млако млеко ставете го квасецот, прстофат сол и шеќер и оставете го да нарасне.

 

Во сад за матење измешајте ги маслото, јајцата, шеќерот и солта, а потоа додадете го млекото со додадениот квасец.

 

Додадете брашно и замесете тесто, па оставете го 30 минути на топло место да нарасне.

Добиеното тесто поделете го на три дела. Секој дел со сукало развлечете го посебно во круг со пречник од 45 см.

 

Исечете со нож на 12 парчиња или 16 ако сакате помали кифлички.

 

Растопете го маргаринот (50 грама) и со четка премачкајте го секој триаголник, па свиткајте ги кифличките.

 

Се редат на плех на кој претходно сте го премачкале со маргарин (околу 75 гр.) и се остава уште 30 минути на топло место.

 

Кифличките премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. По желба на секоја кифличка можете да додадете и мало парче маргарин.

 

Кифличките се печат во загреана рерна на 200 °C околу 18-20 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma