Во секоја, па дури и во совршената врска, можат да се случат расправии и кавги помеѓу партнерите. Но, постојат начини за тие да бидат надминати и да не ѝ штетат на иднината на врската.
Најважно е да бидете искрени со вашиот партнер, бидејќи ништо не може да ја поправи нарушената доверба. Сите останати работи се решаваат многу полесно.
Најпрво, морате да се фокусирате на она што работи. Ако во моментот се наоѓате во круг од негативност, најдобро е да направите листа од работите кои вашиот партнер ги прави добро и кои ве прават среќни. Така, наместо да се опкружувате со негативни мисли, ќе размислувате позитивно и тоа само ќе ви ја олесни работата кога е во прашање подобрување на односот со вашиот партнер.
Исто така, многу важна работа е да слушате што има да каже вашиот партнер, и тоа внимателно. За да постигнете добра комуникација во врската, потребно е да му дадете шанса на партнерот да го каже она што му е на ум, но важно е истото да го разберете.
За крај, можеби и најважно е да не се обвинувате меѓусебно за сите проблеми. Тоа нема да роди решение за проблемот, туку може само да ја прошири дупката во односот помеѓу вас и вашиот партнер. Така на пример, наместо да кажете „Ти никогаш не ги миеш садовите“, можете да кажете „Би било фино доколку некогаш ги измиеш садовите“.
Почитта и добрата комуникација се клучни за успешна врска, па така за да имате успешна врска, важно е постојано да разговарате за сите оние работи кои ви пречат, со цел да ги искорените.