Секоја добра врска се заснова на довербата, но да бидеме искрени, понекогаш има моменти кога малите бели лаги се подобар избор од вистината.
Секако, не велиме да го лажете вашиот партнер за суштински работи, но верувајте, понекогаш на врската и е многу повеќе потребна мала лага, отколку суровата вистина.
- Дека сте навистина зафатени вечерва. Тешко е да му кажете на партнерот дека ви треба малку простор за себе си, па нема да го повредите доколку му кажете дека имате многу работа и дека мора да завршите одреден проект. Иако тој проект може да биде гледање на цела сезона од “Friends”.
- Дека ви се допаѓа нивната омилена серија. Иако можеби не ви се допаѓа кога летаат главите на “Game of Thrones” нема ништо лошо во тоа да излажете дека и вие ја обожавате серијата. Сѐ додека и вашите желби за телевизиски програми се почитуваат.
- Дека ги сфаќате сите нивни шеги. Вашиот партнер понекогаш може да биде далеку од професионален комичар, па големи се шансите дека нема да сакате да му се насмеете на сите негови шеги. Но, понекогаш е во ред едноставно да се насмеете, наместо да се објаснувате колку му е лош вицот што го слушнал на работа.
- Дека не сте ја забележале дамката. Секако дека сте ја приметиле дамката на неговите шорцеви уште од првиот момент, но доколку немате со што веднаш да ја исчистите, подобро е да се правите дека никој не забележал.
- Секако дека сакате ракчиња… особено ако тој ви подготвил романтична вечера. Освен ако дефинитивно не сакате морска храна, тогаш разликата меѓу што ви е омилено и не толку омилено не е воопшто голема.
- Да се преправате дека сѐ уште спиете. Понекогаш сакате едноставно да се излежавате во креветот, а на пораката на вашиот телефон “дали си станат/а?” не мора секогаш да се одговори во истиот момент.
- Дека не сте го гледале тој филм претходно. Особено ако било со поранешниот партнер. Стегнете заби и изгледајте ги повторно следните три часа како да ви е прв пат.
- Дека е сосема во ред што нема да дојдат на роденденот на вашата пријателка. Освен ако не го прави тоа со сите собирања на вашето друштво, во кој случај ќе треба да го кажете вашето искрено мислење. Но, доколку се работи само за една вечер, не покажувајте дека ве нервира што ви откажал. И онака ќе заборавите на тоа веднаш штом излезете со пријателите.
- Дека не сте ја виделе неговата порака. На сите ни се случува да заборавиме да вратиме на одредена порака, а подобро од тоа да кажете дека сте заборавиле некого е да кажете дека воопшто не сте ја виделе пораката.
- Дека никогаш не сте го излажале. Дури ни за овие мали лаги. За ништо!