5 СОВЕТИ ЗА НЕГА НА ВРАТОТ И ДЕКОЛТЕТО ПО 40-ТАТА ГОДИНА: Намалете ги знаците на стареење на најнежниот дел од кожата

popara18 септември, 20221min00
kate-moss-0270733281

Иако кожата на лицето е поцврста и поотпорна од кожата на вратот и деколтето, често добива многу поголемо внимание, што не е чудно, со оглед на тоа дека е најекспонирана. Но, со овогодинешните модни трендови и сè повисоките температури, деколтето повторно е во фокусот и заслужува посебна грижа.

„Таа област има помалку лојни жлезди, а липидниот слој е 30-40% помал во споредба со лицето, така што првите знаци на стареење на кожата ќе се забележат на деколтето наместо на лицето“, тврди славната козметичарка Џоана Чех за британскиот Вог.

Како да го забавите појавувањето на првите знаци на стареење на кожата, и правилно да се грижите за деколтето и да му го дадете заслуженото внимание? Следете ги овие 5 чекори:

Нега на кожа

Експертите секогаш истакнуваат дека негата на кожата на лицето не завршува со брадата, туку треба да се прошири и на деколтето. „Однесувајте се кон вашето деколте на ист начин како што се однесувате кон вашето лице и тело – треба да го добие тој двоен третман“, тврди Чех.

Затоа, редовно користете го секој серум и крем, без разлика дали се работи за хијалуронска киселина, ретинол или витамин Ц, како и сите средства за хидратација на пределот на деколтето. Исто така, за дополнителна хидратација и нега, повремено можете да користите маски дизајнирани специјално за таа област.

SPF

Сигурно веќе ни е здодевно, но повторувањето е мајка на знаењето: ако излегувате од дома во облека со отворено деколте, не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор на вашето деколте.

Третмани

„Изложеноста на сонце предизвикува брчки и опуштеност на кожата, како и хиперпигментација и нерамномерен тон на кожата“, предупредува др. Maryam Zamani, која предлага професионални козметички третмани како што се дермални филери, микронидлинг во комбинација со радиофреквенција и ласерски третмани кои го подобруваат тонот и еластичноста на кожата, го стимулираат производството на колаген и го изедначуваат тенот.

 profimedia-0688310920.jpg

Бронзер и хајлајтер

Во денешно време можно е да го избегнете сонцето и во исто време да имате прекрасен тен. Благодарение на производите за самопотемнување, бронзерите и хајлајтерите, вашата кожа ќе изгледа исончано и блескаво, а нема да ризикувате да се оштети од сонце.

Миризбата

Последниот „допир“ кој нема никаков визуелен ефект, но ја зголемува вашата самодоверба, е нанесувањето на парфем на деколтето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma