Шакира доби старателство над синовите, а еве што одлучи судот за затајувањето на данок: За инат на Пике, оди во Мајами!

popara18 септември, 20221min00
sakira-djerar-pike-830x0

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике преку својот адвокатски тим објави соопштение како предупредување до медиумите и папараците кои континуирано објавуваат „непроверени информации“ за него и раскинувањето со пејачката Шакира.

Како што се наведува во соопштението, му пречи што медиумите постојано пишуваат за него.

– Пишувањето на некои медиуми и папараци е континуирано, принудувајќи го нашиот клиент да ја промени својата секојдневна рутина со единствена цел да ги заштити своите деца, семејството и блиските – се вели во соопштението на адвокатите на Пике.

Во продолжение на сведочењето на неговите адвокати, се констатира дека тој се бори за старателството над децата, синовите Саша и Милан, со поранешната партнерка, која наводно сака да ги земе со себе во Мајами.

Сепак, Пике сака момчињата да останат со него во Шпанија, каде што живеат од раѓање и завршуваат училиште.

Шакира беше видена како го напушта судот во Шпанија откако беше прогласена за невина за затајување данок.

Шпанската влада ќе ѝ ги врати парите, вклучително и голема сума на репарации.

Таа го доби и целосното старателство над своите деца и се очекува наскоро да се пресели во Мајами.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma