Принцезата од Велс, во чест на покојната Елизабета Втора, носеше специјални парчиња накит од кутијата на кралицата.
Принцезата од Велс носеше луксузен капут-фустан во црна боја, како што налагаше приликата. Таа носеше црн фасцинатор со таканаречен „тажен превез“, за кој се вели дека го носат сите членови на кралското семејство. Се однесува на црна мрежа што укажува дека личноста што ја носи тагува, но во исто време обезбедува поголема приватност.
Кејт, исто така, ѝ оддаде трогателна почит на кралицата со тоа што носеше бисерен ѓердан со три жици што беше дел од личната колекција на Елизабета, а на сè додаде обетки со дијаманти и бисери.
Кралицата Елизабета Втора секогаш носела впечатлив накит, а Кејт Мидлтон многу често од неа позајмувала разни додатоци.
Принцезата од Велс, покрај обетките и ланчето на кралицата, носеше и нараквица од колекцијата на Лејди Ди. По смртта на Дијана во 1997 година, бисерниот накит отиде кај Вилијам, а потоа кај неговата сопруга.
Британските медиуми објавија дека Кејт е навистина достоен наследник на круната, и дека нејзиното однесување во секоја ситуација е одмерено, елегантно и достоинствено.