Ефикасно решение против честите мигрени
Оние кои страдаат од чести мигрени имаат потешкотии во секојдневното функционирање, што може да биде голем проблем.
Затоа е важно да ја лекувате главоболката, да ја пронајдете нејзината причина и да најдете начин да се ослободите.
Во тоа може да ви помогне мелем базиран на природни состојки што можете да го направите дома. Овој мелем секогаш треба да го носите во вашата чанта и да го користите за главоболки предизвикани од стрес.
Штом почувствувате дека може да ве боли главата, нанесете од мелемот на слепоочниците и обидете се да се опуштите. Мелемот не треба да го користат мали деца, ниту трудници.
Потребни состојки:
1 лажичка восок
5 лажички масло од сладок бадем
18 капки есенцијално масло од нане
7 капки есенцијално масло од босилек
5 капки есенцијално масло од еукалиптус
Истурете го маслото и восокот во сад на пареа, мешајте додека целосно не се стопи. Истурете ги есенцијалните масла директно во малата темна тегла каде што ќе стои мелемот и нежно прелијте ги капките со растопениот восок и масло.
Мелемот измешајте го со чепкалка за заби и оставете го да отстои непокриен додека не се стврдне. Имајте на ум дека ова е целосно природен производ без никакви додатоци и штом ќе почне да мириса чудно, ќе развие мувла или ќе ужегне, фрлете го и направете нов.