Не ги фрлајте
Ластиците се еден од оние предмети во домот кои би ги фрлиле за да не ни пречат и да не прават хаос, но тоа би било голема грешка.
Имено, постојат безброј ситуации во кои ќе ви затребаат, но и начини за нивно користење.
На пример, ако пумпата на дозерот за сапун или детергент ви се скршила и ви се случило да исцедите повеќе течност, обично кујнско гумено ластиче лента може да ја спаси ситуацијата – не мора веднаш да го фрлите шишето, завиткајте ја гумата околу пумпата, така што нема да можете да притиснете до крај и да излезе премногу сапун.
Ова е само една од ситуациите во домаќинството каде што евтините и достапни гумички можат да бидат спасоносни, затоа погрижете се секогаш да ги имате низ дома.
Освен тоа, одлични се и за отварање стаклени тегли, а речиси сите домаќинки ги користат при изработката на зимница, која се подготвува наесен.
Во видеото поделу погледнете на кои се начини може да ги користите: