Лејди Гага во солзи откако го откажа настапот во Мајами: „Се плашев за нашата безбедност, простете ми“

popara20 септември, 20221min00
lady-gaga-830x0

-Жалам што не можев да го завршам настапот бидејќи беше премногу опасно, бидејќи молњите беа непредвидливи и се менуваа од момент во момент, објасни пејачката

 

 

 

Поп-ѕвездата и актерка Лејди Гага (36) се расплака откако во саботата го откажа шоуто во Мајами поради опасен дожд и грмотевици.

 

На видеото кое го објави на Инстаграм, таа низ солзи се извини што го прекина концертот и призна дека нејзините обожаватели се надевале дека ќе настапи на дожд.

 

– Навистина многу се трудевме да го завршиме настапот вечерва во Мајами, но не успеавме, бидејќи дури и кога дождот некако престана, молњите паѓаа точно во земјата толку блиску до нас – изјави ГаГа.

 

– Знам дека навистина го носам прекарот „Монстер“, но она што навистина го сакам е да бидам одговорна и сакана, а не знам што би правела ако некому нешто се случи, во публиката или кој било член од мојот тим или мојот бенд или моите танчери – објасни таа.

 

Таа се извини што не го изведе нејзиниот сингл „Rain on Me“ од 2020 година на дожд, но рече дека прекинот на шоуто среде бура „било здрава одлука“ и дека безбедноста на луѓето сè уште е нејзин прв приоритет.

 

– Жал ми е што не можев да го завршам настапот бидејќи беше премногу опасен бидејќи молњите беа непредвидливи и се менуваа од момент во момент – вели пејачката во посебно соопштение.

 

– Со години ме нарекувате „Мајка чудовиште“, но јас во моето срце знаев дека е подобро да ве заштитам. Ви благодарам што верувавте во мене – рече таа.

 

 

Погледнете ТУКА