
Познатата ѕвезда објави видеа и фотографии со кучето и истакна дека се чувствува како да недостасува дел од неа
Дајмонд Бејби, кучето на Парис Хилтон исчезна пред неколку дена, а таа е очајна!
Не сакала да ја сподели веста на социјалните мрежи, но сепак го направи тоа бидејќи се надева дека некој ќе и помогне да го најде саканиот миленик.
– Неверојатно ми е тешко да го објавам ова бидејќи останав без зборови. Дијамант ја нема никаде од минатата среда. Семејството и пријателите ми помогнаа да го обиколам целото маало, одевме од врата до врата, но не ја најдовме – напиша таа, а потоа продолжи:
– Ангажиравме детектив за миленичиња, шептачи на кучиња, јасновидци за миленици и проучувавме следење на кучиња со помош на дронови. Правам се што е во моја моќ да ја вратам.

Нејзиниот пост може да го погледнете ТУКА.
Хилтон призна дека е депресивна и постојано плаче и дека ќе ја разберат само оние кои доживеале загуба на домашно милениче.
– Се чувствувам како да недостасува дел од мене и ништо не е исто без неа. Таа ми е се, како ќерка. Бевме неразделни, таа ми беше најдобра пријателка и секогаш беше покрај мене – напишала Парис.
Како што истакна, се плашела да ја објави веста за исчезнувањето на нејзиното сакано куче бидејќи луѓето знаат да бидат сурови, но сега е очајна и само сака да ја најде. На крајот од објавата, таа напиша мејл каде луѓето можат да ја контактираат доколку имаат некаква информација, за што ќе бидат наградени.