Како на природен начин да го намалите апетитот? Намирници кои брзо ќе ве заситат

popara9 февруари, 20241min00
shutterstock_57784627

Доколку не сакате да се подложувате на строги диети, или да купувате скапи препарати, а сакате да ослабете, најважно е прво да го намалите апетитот.

Можете да го направите тоа на најприроден начин.

Што треба да направите?

1. Многу протеини

Нутриционистите прво советуваат да јадете повеќе храна богата со протеини или здрави масти, бидејќи тие го намалуваат чувството на глад. Ова се на пример:

посно месо
јајца
грав и грашок
производи од соја
Грчки тип на јогурт

2. Задолжителни влакна

Друга корисна храна која многу брзо го заситува телото е богата со растителни влакна. Исто така, влакната освен што го намалуваат апетитот, директно влијаат на подобро варење, а одлични се и за оние кои патат од дигестивни нарушувања или имаат проблеми со тврда столица и „запек“. Ова се храна како:

наут
леќи
цели зрна
бобинки
лен и чиа семе
кикиритки
разновиден зеленчук

3. Пијте многу вода

Кај нас е познато правило дека ако пиете вода пред оброк, ќе јадете помалку – што не е далеку од вистината! Пиењето многу вода пред јадење може да го намали гладот, а со тоа и да изгуби вишок килограми, бидејќи пред се стомакот се полни со вода, па не останува премногу простор за храна. Исто така, чинија супа пред главното јадење може да помогне да се намали апетитот. Сепак, никогаш не треба да пиете вода додека јадете!

4. Вежбајте пред јадење

Најздрав начин да го намалите апетитот е да вежбате пред оброк. Едно истражување покажало дека вежбањето непосредно пред јадење ја намалува желбата за храна, бидејќи тогаш телото произведува помалку грелин, хормонот кој создава чувство на глад.

5. Јадете полека

И, конечно, уште еден трик за намалување на апетитот е да јадете храна побавно. На овој начин ќе внесете доволна количина на храна која ви е потребна. Напротив, луѓето кои брзо јадат внесуваат поголеми залаци во помали интервали, а со тоа и повеќе калории, додека мозокот не може да регистрира колку и дали стомакот е полн.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag