
Истражување кое откри многу за нашата личност
Бројни студии се занимаваат со различни теми кога станува збор за водењето љубов. Дошле до заклучок дека вашата омилена поза кажува многу за вас, а да не сте ни свесни за тоа.
Меѓу најпопуларните пози се генерално мисионерската, каубојка, доги, лажица и стоечки.
- Мисионерска
Оваа поза ја сакаат жените кои секогаш играат на сигурно. Тоа може да значи и дека немаат самодоверба во креветот. Од друга страна, мажите кои ја сакаат оваа поза, всушност сакаат да држат се под контрола и го сакаат чувството на блискост.
- Каубојка
Во овој случај жената е „на врвот“, а се тврди дека оваа поза ја претпочитаат жените кои се доминантни. Кај жените оваа поза ја зголемува самодовербата, додека кај мажите е спротивно и најмногу ја претпочитаат оние кои сакаат да им угодуваат на жените.

- Доги стил
Тоа значи дека секогаш сте подготвени за акција и возбуда, меѓутоа, мажите на кои им се допаѓа оваа поза не претпочитаат чувство на блискост и сериозна врска, додека жените сакаат да му угодуваат на партнерот.
- Поза лажица
Идеална поза за романтичарите. Блискоста и интимноста ви се многу важни, а жените кои ја сакаат оваа поза се опуштени и сензуални во секојдневниот живот.
- Стоечки
Ако сте полни со авантуристички дух, тогаш веројатно и вие сакате да водите љубов стоејќи. Мажите на кои ова им се допаѓа генерално се харизматични и директни, склони кон експериментирање, додека жените се многу енергични и секогаш бараат нешто ново.