3 емоции кои би можеле да ве изненадат во текот на првиот месец во брак

popara24 септември, 20221min00
sarah-vilard-2-830x0

Кога ќе стивне сета еуфорија и енергија што доаѓа со свадбата, ќе откриете дека има толку многу ново за љубовта во секојдневниот брачен живот.

Меѓутоа, во тие рани денови и недели кога сте младенци, може да ве „скокнат“ некои неочекувани, донекаде изненадувачки емоции кои ќе ве затекнат.

Но, доколку се подготвите за се што ве очекува, како што пренесува порталот „Марта Стјуарт“, ќе бидете подготвени и за овие чувства, какви што ќе се појават.

Тага или дефлација

– Периодот на свршувачката е возбудлив период! Има толку многу љубов, ентузијазам и поддршка насочени кон вас и вашата врска. И тогаш одеднаш се е готово – вели д-р Ребека Монтгомери, клинички психолог од Бостон, специјализирана за врски и предбрачно советување и додава:

– Немојте да се чудите ако по венчавката почувствувате наплив на емоции. Ние ги нарекуваме пост-свадбен блуз.

Лекот за овие блуз, истакнува психологот, вклучува пишување на неколку возбудливи планови во календарот и создавање идни ситуации на кои можеме да се радуваме. Планирајте состаноци со пријателите кои не можеа да стигнат до свадбата, пријатна вечера во вашиот дом или истражете опции за долг викенд одмор.

Подлабока љубов и гордост

Во неделите по вашата венчавка, Монтгомери вели дека веројатно повторно ќе се цените и ќе ја почувствувате вистинската длабочина на вашата посветеност.

– Поинаку ќе ја чувствувате вашата врска по бракот – објаснува психологот: – Може да биде тој момент по вашата прва кавга кога ќе сфатите дека ниту еден од вас никаде не оди или длабокото чувство дека оваа личност станала повеќе од вашиот партнер. Сега сте семејство и ќе се чувствувате горди на тоа.

Плус, после долго време и сите обврски околу планирањето на свадбата, конечно ќе имате повеќе време да ги цените малите нешта.

– Уживајте во секојдневната интимност на вашиот заеднички живот и секогаш продолжете да зборувате за вашата врска, љубов и посветеност – советува Монтгомери.

https://xdn.tf.rs/2020/06/19/joyful-couple-in-love-with-fruit-platter-in-bedroom-3756460-830x0.jpg

Притисокот на она што е следно

Ќе се изненадите колку брзо по вашата венчавка, вашето семејство, пријателите, па дури и колегите ќе почнат да ве испрашуваат за вашите следни, лични, животни одлуки – работи за кои можеби не сте ни почнале да размислувате.

– Притисокот врз вас за следната пресвртница во животот продолжува и по бракот – предупредува Монтгомери: – Може да има притисок да купите дом, да имате деца или да напредувате кон која било следна цел.

Психологот советува да се соочите со овие прашања додека доаѓаат и да се држите до темпото на нивно постигнување на начин кој ви одговара вам и на вашиот нов сопружник.

– Поставете свое темпо како пар и запомнете дека секоја фаза од вашиот заеднички живот има свои позитивни страни. Не ги пропуштајте – нагласува психологот.