Истражувањето на социологот Ник Волфингер го негираше митот дека бракот ќе трае подолго и ќе биде постабилен ако се случи подоцна во животот.
Институтот за семејни студии објави дека луѓето кои се венчале на порана возраст имаат најмалку шанси да се разведат, а најмногу се сакаат и подолго остануваат заедно.
Помали се шансите за развод кај луѓето кои судбоносното „да“ го кажуваат во периодот од тинејџерските години до доцните дваесетти или раните триесетти.
За секоја година по триесет и втората, шансите за развод се зголемуваат за 5 проценти.
Зошто се ова најдобри години за брак?
Младите во доцните дваесетти и раните триесетти веќе знаат што сакаат од животот, дали доволно се согласуваат со партнерот за да го поминат целиот живот со него и заедно да носат важни одлуки.
Многумина се вработени и пристојно заработуваат, па можат да размислуваат за семеен живот, пишува „Index.hr“.