МЕТОД СО КОЈ НЕ МОЖЕТЕ ДА ПОГРЕШИТЕ Пресметајте ја идеалната висина на потпетицата според градбата на телото

popara24 септември, 20221min00
Screenshot 2022-09-24 174441

Важно е да најдете висина на потпетица која ви одговара.

Високите потпетици можат да бидат виновни за здравствени проблеми како што се болки во грбот.

Сепак, многу дами со задоволство ги носат, бидејќи многу парчиња облека изгледаат поубаво со нив, а самите изгледаат послабо.

Не мора да се откажувате од чевлите кои имаат високи потпетици, но можете да ја прилагодите висината кон вашето тело.

Идеална висина на потпетицата

Три начини да ја изберете вистинската висина на потпетиците што можете удобно да ја носите цел ден:

Висина на штикла за секојдневно носење

Овој метод ќе ви помогне да ја одредите најздравата висина на потпетици за носење на работа или за време на други секојдневни активности.

Треба да го измерите стапалото и да ја поделите должината на стапалото со бројот седум.

Некои лекари велат дека штиклите не треба да бидат повисоки од 4 см ако ги носите секојдневно.

Совршена висина на штиклата

Суштината на оваа формула е дека совршените потпетици треба да бидат доволно високи за да создадат идеален сооднос помеѓу должината и висината на нозете.

Пресметувате така што ќе ја делите вашата висина со висината на нозете и ќе одземете 1,61 од бројот, а потоа ќе го помножите добиениот број со 10.

Максимална висина на петицата

Седнете на стол со испружена нога.

Опуштете го стапалото и не ги виткајте прстите. Измерете го растојанието од петата до предниот дел на стапалото (до делот што ја допира земјата кога сте во штикли).

Ова мерење го покажува природниот лак на вашето стапало и идеалната висина на потпетицата.

Бројот што го добивате е вашата идеална висина на чевли.

За повеќето жени, максималната висина на чевлите би била од 7 до 9 см.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma