
Ким Кардашијан постојано ги поместува границите во се што прави и поставува трендови. Да се каже дека е стилска икона е потценување, со оглед на влијанието што таа го има врз луѓето ширум планетата.
Позната е по комбинации на облека кои не може секој да ги направи, а тоа го докажа и синоќа кога се појави на улиците на Милано.
Имено, Ким се одлучи за металик сива комбинација. Таа носеше корсет кој одлично ја истакнуваше нејзината извајана фигура и панталони кои беа украсени со цветни дезени и циркони.

Ким носеше и сиви штикли и носеше мини чанта во иста боја. Она што ни се допадна е фризурата која Ким ја носеше последните денови, а сите се прашуваат дали таа била инспирирана од Мерлин Монро.